Волф: Нема шанси да го замениме Ботас оваа сезона

По неколкугодишната доминација на возачите на Мерцедес, Формула 1 оваа сезона го враќа претпознатливиот „шмек“ во кој уживаат сите љубители на брзината, а најзаслужни за тоа се Ред Бул и Макс Верстапен кои се вистинско освежување на брзинските трки.

Изедначеноста на сезоната и конкурентноста носат и дополнителен притисок, нешто со што Мерцедес се нема соочено години наназад, а прв во очите на јавноста се најде Валтери Ботас. Финецот не е на врвот на својата задача по првите три трки во сезоната, неговите „ситни“ грешки го чинеа Мерцедес значајни бодови, па пред ГН на Шпанија во јавноста се јавија прашања за можна смена на возачот, кои Тото Волф сепак ги отфрли.

„Доколку не фати некој грип и не биде во можност да вози, нема зошто да го менуваме. Не гледам причина за тоа“, изјави Волф на новинарските прашања.

Поддршка до својот колега упати и Луис Хамилтон…

„Искрено мислам дека го имаме најдобриот состав во однос на она што го носиме и оштото генерално знаење во смисла на унапредување на нашиот болид. Во некој момент ќе има промени, ни јас нема да бидам тука засекогаш, исто како и Валтери. Но, одлично работиме веќе долга низа на години и така ќе продолжиме“, додаде Луис Хамилтон.

 

Се вчитува...