Волф: Саинц е врвен возач, но Мердецес има друг план

Првиот човек на Мерцeдес, Тото Волф стави крај на гласините за можен ангажман на Карлос Саинц во 2025 година велејќи дека шпанскиот возач не е идеалното решение за долготрајниот план на тимот.

Саинц остана без место во Ферари за кој од следната сезона ќе вози Луис Хамилтон, а и покрај тоа што се очекуваше „вртелешка“, до истата нема да дојде.

„Карлос заслужива место на врвот на караваност, тој е исклучителен возач, но ние имаме друг план. Бараме нови начини и решенија за иднината, а Антонели е делумно причината за тоа размислување. Немаме донесено конечна одлука за следната година, но и не сакаме да одолговлекуваме со Саинц и да го примориме да не чека нас. И пред него е важна одлука. Со тоа искажуваме почит кон него, тој е одличен возач“, изјави Волф.

Се вчитува...