Волфсбург ја доби голеадата против Вердер во Бундеслигата (ВИДЕО)

Волфсбург го совлада Вердер со 5-3 во неверојатен меч како увертира на 9. коло во германската Бундеслига. Гостите поведоа преку Битенкур во 13. минута. Баку и Брукс во 22. и 25. минута донесоа целосен пресврт и водство за домаќините од 2-1, а до полувремето стрелаа и Мохвалд и Вегхорст, по што на полувреме се замина со предност од 3-2 за тимот на Волфзбург.

Во вториот дел Вердер дојде до израмнување по автоголот на Брукс, додека Вегхорст со својот втор гол повторно донесе водство за домаќинот од 4-3. До крај конечните 5-3 ги постави Биалек во 95. минута. Со овој триумф Волфсбург изби на 5. позиција на првенствената табела со 17 бода, додека Вердер остана 9. со 11.

 

 

Се вчитува...