„Волците“ ги изедоа јагнињата на Оле Гунар Солскјер

Манчестер Јунајтед доживеа елиминација во четвртфиналето на ФА купот на Англија. Ова е првиот поголем неуспех на Оле Гунар Солскјер на клупата на „црвените ѓаволи“. Избраниците на Норвежанецот вечерва делуваа како јагниња и загубија со 2-1 на гости кај Вулверхемптон.

Раул Хименез во 70.минута донесе водство за Волвс на овој меч, откако одлично се снајде во шеснаесетникот на гостите и го совлада Ромеро. Само шест минути подоцна, Диого Жота зголеми на 2-0. Во судиското продолжение, Маркус Рашфорд постигна почесен гол за Јунајтед, но тоа не беше доволно за да се избегне елиминацијата.

За Вулверхемптон ова е историски пласман во полуфинале на ФА купот на Англија.

Се вчитува...