„Волците“ гризат за ЛШ: Дендонкер ја реши Астон Вила

Вулверхемптон оствари важен триумф на гостувањето во Бирмингем совладувајќи го составот на Астон Вила со 0-1. Со оваа победа, „волците“ се доближија на два бода негатива до четвртопласираниот Челси и се во сериозна трка за пласман во елтиното европско клупско натпреварување.

Победничкиот гол беше дело на Леандер Дендонкер во 62.минута од натпреварот. Тој се одлучи на удар од 16 метри и ја затресе мрежата на Астон Вила, што на крајот се покажа и како клучен момент за триумфот. Астон Вила се наоѓа во зоната за испаѓање.

Се вчитува...