Италијанскиот калчолигаш Милан мораше да ја откаже редовната прес-конференција пред натпреварот од 26. коло во Серија А против Џенова кој треба да се одигра во недела. Поради мерки на претпазливост откажана е утрешната пресконфереција поради епидемијата од коронавирус која ја зафати Италија.
Од клубот информираат дека поради коронавирусот изјава од тренерот на „росонерите“ Стефано Пиоли фановите можат да ја пронајдат на официјалната веб- страна на клубот. За потсетување северниот дел на Италија во кој се наоѓа и градот Милано е најпогоден од коронавирусот во Европа. Натпреварите од 26. коло во калчолигата кои на програмата се викендов ќе се играат пред празни трибини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА