Воска ја победи Фортуна во баражот, на чекор од влез во Втора лига

Екипата на Воска е блиску до место во Втората лига – Запад во следната сезона откако во првата бараж пресметка за пополнување на второлигашката конкуренција славеше против Фортуна со 4-2.

На дуелот кој се играше во Гостивар, Воска, како првопласирана од Југозападниот регион, славеше против првакот од Северниот регион.

На бараж-турнирот во Гостивар игра ѕште екипата на Беса 1976. Вториот натпревар во среда (10. јуни) се игра меѓу Фортуна и Беса, а последниот е на 13. јуни меѓу Воска и Беса.

Првите две екипи од овој бараж обезбедуваат промоција во Втората лига-Запад.

Се вчитува...