Воска Спорт се засили и со Паноски од Ак. Пандев и Мирчевски од Брегалница

Повеќе од амбициозно новиот второлигаш, Воска Спорт од Охрид ја очекува својата дебитантска сезона во Втората лига – Запад.

Тимот кој е предводен од клупата од Раде Цицмиловиќ не престанува со засилувањата за настапите во второлигашката конкуренција.

Најново име е дефанзивецот Игор Паноски кој доаѓа од редовите на Академија Пандев, а претходно има настапи и за Беласица, Победа и Металург.

Претходно, пак, Воска Спорт се засили и со Тони Мирчевски кој пристигна од редовите на штипска Брегалница.

24-годишниот Мирчевски во својата кариера има настапи и за Плачковица и Борец Велес.

Се вчитува...