Возбудливи натпревари во НБА: Сан Антонио во последните секунди го реши Далас – Мајами обезбеди втора победа во низа, Портланд е новата „жртва“ на Хит

Сан Антонио Спарс го совлада Далас Маверикс со 119-117, благодарение на поените на Демар Дерозан на крајот од мечот. На тој начин тие ја прекинаа серијата од пет последователни порази.

На една минута и 14 секунди до крајот, Дерозан ја зголеми предноста на Спарс на 117-113, но Маверикс израмни благодарение на четири поени на Дончиќ. Кошот за победа на Сан Антонио го постигна Дерозан на неколку секунди пред крајот. Дончиќ се обиде повторно да одговори, шутираше од средината на теренот, но не беше прецизен.

„Ова е разочарувачко, само тоа имам да кажам“, рече Лука по мечот.

Демар Дерозан беше најдобар во победничкиот тим со 33 поени (13-25 од игра) и 8 асистенции, Деџонте Мареј додаде 25 поени (11-17 од игра). Во тимот на Далас, Кристапс Порзингис постигна 31 поен (12-21 од игра, 3-8 за три) и 15 скока, Лука Дончиќ го заврши мечот со 29 поени (10-17 од игра, 2-8 за три) и 7 асистенции.

Маверикс го претрпеа својот втор пораз на последните три натпревари и во моментов се седми на Западот. Сан Антонио е на деветтото место на истата табела.

 

 

 

Мајами хит ја оствари втората последователна победа откако ги победи Портланд Блејзерс со 107-98.

Портланд подобро го започна натпреварот, па по 12 минути поведе со 31-25. Сепак, следните две четвртини припаднаа на Мајами, кој се здоби со завидна предност (89-71), а потоа сигурно дојде до триумф.

Бем Адебајо го предводеше Хит со 22 поени (9-14 од игра), Џими Батлер додаде 20 (7-13 од игра), Горан Драгиќ постигна 7 поени (3-8 од игра, 1-3 за три). Во дресот на Блејзерси, Си еј Меколум постигна 17 поени (7-18 од мечот), колку што има и Норман Пауел (7-13 од натпреварот), додека Демијан Лилард застана на 12 (3-10 од игра). Јусуф Нуркиќ за 22 минути на теренот постигна 6 поени (2-3 од игра) и 9 скока. Во еден момент, 26-годишникот го напушти теренот поради болки во грбот, но подоцна се врати во игра.

Мајами е петти на Истокот, додека Портланд е шести на Западот.

 

 

 

 

Минесота Тимбервулфс беше подобар од Чикаго Булс со 121-117, со што ја прекина серијата од два порази. Булс имаше предност во воведните минути, но Тимбервулфс ја презедоа контролата со серија од 21-8 во првата четвртина и потоа беа во водство на целиот натпревар.

Чикаго е 10-ти на Истокот по вториот последователен пораз. Минесота сè уште е на задниот дел на Западот.

 

 

Се вчитува...