Возбудувања во Тетово: Ренова доби црвен картон, Гури промаши пенал, а потоа донесе водство (ВИДЕО)

Тетовското дерби сосема очекувано почна со возбудувања. Особено по голот на Ренова откако во 9. минута беше досуден пенал и даден црвен картон на Абдула токму за старт за пеналот.

Сепак, Гури шутираше само во стативата, па така Шкендија пропушти да поведе уште во 11. минута. Сепак, Шкендија нешто подоцна успеа да ја материјализира предноста со играч повеќе и да постигне гол за водство. Токму играчот што го утна пеналот, Гури две минути подоцна успеа да погоди и да донесе предност.

Се вчитува...