Возеше 3.000 километри за да побегне од коронавирусот, сега го чека казна

Данскиот интернационалец Пионе Систо го очекува жестока казна од Селта откако без клупска дозвола решил да ја напушти Шпанија и заминал за Копенхаген. Сите фудбалери на Селта беа во задолжителен карантинво последните 14 дена, а откако тестовите се покажаа негативни клубот им порача на играчите да останат во Виго, бидејќи евентуалните патувања би го зголемиле ризикот од Ковид-19.

И додека останатите се придржаа на клупските наредби, Систо во текот на вчерашниот ден решил да си замине од Шпанија и се упатил кон Данска. Бидејќи нема летови од Шпанија, фудбалерот на Селта се упатил со својот автомобил, тргнувајќи на пат долг 3.000 километри за кој ќе му требаат најмалку 27 часа.

Според најавите од раководството на Селта, Систо сигурно ќе биде казнет по враќањето назад во Виго, но тоа не се очекува да се случи се додека не биде одреден датумот на кој оваа екипа ќе може да почне со тренинзи.

Се вчитува...