Фудбалерот на Милан, Тиму Бакајоко доживеал голема непријатност во Италија, откако полицијата го запрела неговиот автомобил и го претресувала како припадник на најголемата криминална банда во Италија.
Бакајоко ни крив, ни должен морал да излезе од автомобилот, а потоа и да дозволи детален претрес со вперени револвери.
Полицајците набрзо сфатиле дека погрешиле и дека запреле лице со друг идентитет и му се извиниле на фудбалерот на Милан. Сепак, претресот бил снимен од други учесници во сообраќајот, па стана и вирален хит на социјалните мрежи.
Il momento in cui il poliziotto si rende conto che ha fermato Bakayoko e bestemmia è poesia pic.twitter.com/f3fBRqtL9f
— Captain Rossonero – Il Primo Rossonero 🏆 (@DrGianlucaFumo) July 17, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА