„Враќањето на Серија А е се поблиску“

Италијанскиот министер за спорт Винченцо Спадафора е оптимистичен околу враќањето на фудбалот во Италија. Фудбалерите по пандемијата од коронавирусот се вратија на тренинзи, а конечната одлука околу продолжувањето на сезоната ќе биде донесена на 28. мај.

„Разбирам дека момците сакаат да играат. Покажаа голема одговорност во претходниот период, но мораме да бидеме внимателни. Оптимистичен сум. Не може само фудбалот да застане, а се друго да се врати. Тоа е животот на Италијанците“, изјави Спадафора. 

Моменталниот план е Серија А да продолжи на 20. јуни, а се ќе се знае по состанокот кој за шест дена ќе го има Спадафора со раководството на фудбалската федерација и калчолигата.

Се вчитува...