Врдољак: АП Брера го игра најдобриот фудбал во Македонија

Ребрендираниот струмички прволигаш АП Брера квалитетно ја почна новата сезона во Првата македонска фудбалска лига одржувајќи ритам на врвот заедно со Шкендија.

Брера во недела ја очекува тежок дуел против Силекс во 8. коло од кој капитенот Марио Врдољак очекува победа за својот тим.

„Мора да се вратиме на победите. Ја повикувам публиката да дојде на стадионот, да биде со нас а потоа заедно да славиме нова победа. Можеби сум јас субјективен, но сметам дека Брера го игра најдобриот фудбал во Македонија“ – вели хрватскиот интернационалец пред дуелот со Силекс.

Се вчитува...