„Време е Бразил да го освои Светското првенство“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите изјави дека верува дека неговиот тим е подготвен да ја освои титулата на Светското првенство во Катар.

Бразилците светски шампиони последен пат беа во 2002 година кога го освоија мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја.

„Се пласиравме на мундијалот, а сега е време и да го освоиме. Големи се очекувањата, а ние сме фокусирани само на шампионскиот трофеј. Бевме шампиони во Копа Америка 2019 година, а имаме и најдолга низа на натпревари без пораз во квалификациите“, изјави Тите. 

Бразил на Светското првенство во Катар се најде во групата Ц заедно со репрезентациите на Србија, Швајцарија и Камерун.

Се вчитува...