Втор најскап на сите времиња… Во што е тајната на Алваро Мората?

Кога ќе се соберат сите трансфери во кариерата Алваро Мората е втор најскап фудбалер во историјата. За неговите трансфери платено е околу 235 милиони евра. Тој израсна во младинската школа на Реал Мадрид. По неколку поминати сезони премина во Јувентус, по што следеше кам-бек на „Сантијаго Бернабеу“. Потоа тој стана најскап трансфер во историјата на Челси (Кепа го урна неговиот рекорд), па потоа и најскап трансфер во историјата на Атлетико Мадрид (Жоао Феликс го урна неговиот рекорд). Сега Јувентус ќе плати 55 милиони за љубеникот на навивачите кој по неверојатната сезона во Торино мораше да се врати во Реал Мадрид.

Многумина не се сложуваат со овој податок бидејќи сметаат дека Алваро Мората во ниту еден тим не ги оправдал средствата кои биле потрошени за него.

Единствен човек за кој е платено повеќе во историјата на фудбалот е Бразилецот Нејмар (270 милиони евра). Трансферите на Кристијано Роналдо чинеле 230 милиони евра, а потоа следуваат Ромелу Лукаку и Антоан Гризман со по 200 милиони евра. Шести на листата е Килијан Мбапе, а седми Анхел ди Марија.

Се вчитува...