Втор тест за младите во Подгорица: На ред е Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година денеска од 13 часот на спортскиот комплекс „Црна Гора“ во Подгорица ќе го одигра вториот пријателски натпревар за време на подготовките на Јадранот.

Противник на тимот на Добринко Илиевски денеска ќе биде домаќинот Црна Гора. Во првиот натпревар во Подгорица пред три дена Македонија загуби минимално, со 0-1, од соодветната селекција на Србија.

Овој подготвителен собир на младата репрезентација треба да даде првична слика за потенцијалот и можностите на новата генерација фудбалери кои во следниот квалификациски циклус ќе се натпреваруваат за пласман на ЕП.

Се вчитува...