Втора лига: Чаирчани перфектни, неизвесниот натпревар на „Кале“ за Вардар, славеше и Охрид

По седум одиграни кола во Втората лига, Чаир 2030 е единтвениот тим со сто отстотен учинок откако чаирчани славеа со убедливи 107-84 над Партизан Водно Санс. Во прилог на тимот на Рамадан е и резултатот од натпреварот одигран во Битола помеѓу Хераклеа и Соколи 1933 каде домаќините со триумф од 76-73 му го нанесоа вториот пораз на штипскиот тим оваа сезона.

Најнеизвесниот натпревар на колото беше одигран на „Кале“ каде Вардар славеше со 79-78 над Борец Баскет, запишувајќи ја петата победа во сезоната со што „црвено-црните“ остнааа на делба на втората позиција на табелата со Соколи.

Во остнатите натпревари славеа домаќините. Шкупи го одбрани домашниот терен од Струмица со триумф од 80-62, Тетекс ТТК славеше со 73-68 над минатогодишниот прволигаш Црн Дрим, додека во последниот меч на колото Охрид го доби Баскет КАМ со 78-56.

Се вчитува...