ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Беласица го зачува лидерското место, нова победа на Кит Го, се разбуди и Тиквеш

Струмичка Беласица ја задржа лидерската позиција во Втората лига – Исток откако во 12. коло славеше на гостувањето против Каменица Саса со 0-3. Беласица дојде до победата со погодоците на Ѓорѓи Марков во 30. минута од натпреварот, најдобриот стрелец Мартин Мирчевски во 82. минута, и Кокалански во 89. минута.

Бошко Ступиќ, пак, донесе победа за Кит Го против Плачковица од 2-0. Најпрво Ступиќ постигна убав погодок со глава во 29. минута, а потоа стрелаше од непосредна близина за 2-0.

Тиквеш, под водство на новиот тренер Раде Цицмиловиќ, дојде до убедлива победа од 7-1 против Осогово.

Кожуф дојде до гостински триумф од 0-1 против Победа со погодокот на Лазаровски во 51. минута.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (12. коло)
Кит Го – Плачковица 2-0
Тиквеш – Осогово 7-1
Победа – Кожуф 0-1
Каменица Саса – Беласица 0-3
Брегалница – Питу Гули (17 ч.)

Се вчитува...