Втора лига – Исток: Беласица не го дава врвот, Кит-Го со нова победа

Беласица останува на чело на табелата во Втората лига – Исток, откако струмичкиот тим го доби денешниот дерби-дуел со Кожув со резултат 1-2. Домашниот состав прв поведе преку Трајчевски во 7. минута, а само три минути подоцна Беласица израмни преку Стефан Сулев. Клучен момент на мечот беше 63. минута, кога Марков го матираше голманот на Кожув и им донесе огромна радост на струмичани.

Кит-Го ја продолжи победничката серија и на гостувањето против Осогово, совладувајќи го тимот од Кочани со резултат 1-2. Домаќините имаат за што да жалат бидејќи до 90. минута имаа „бод во џеб“, но во вистински момент за гостите блесна Ступиќ, кој со нов гол му донесе три бода на клубот од Пехчево.

Тиквеш со голот на Скендери во 88. минута дојде до три бода на гостувањето против Питу Гули, додека дуелот меѓу Плачковица и Победа заврши без победник.

Резултати:

Кожув – Беласица 1-2, Осогово – Кит-Го 1-2, Питу Гули – Тиквеш 0-1, Плачковица – Победа 0-0.

Се вчитува...