ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Беласица со триумф против Победа повторно лидер, нов кикс на Тиквеш

Беласица повторно се врати на лидерската позиција во Втората лига – Исток откако во 11. коло славеше со 1-0 против прилепска Победа.

Александар Милушев во 61. минута беше стрелец на победничкиот гол за струмичани со кои повторно се искачија на водечката позиција на табелата.

Продолжува, пак, кризниот период на Тиквеш кој не успеа да дојде до три бода на гостувањето против Плачковица. Кавадарчани само ремизираа (1-1) со Плачковица. Тиквеш поведе со голот на Иванов во 38. минута, а радовишани израмнија со голот на Мартин Петров во 74. минута.

Беласица по денешната победа со 25 бода е на врвот од табелата пред Брегалница со 24 бода и Кожуф со 23 бода.

Се вчитува...