ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Брегалница лесно го освои Кочани, „сините“ на бод од Првата лига

Фудбалерите на Брегалница се само на еден бод од обезбедување на шампионската круна во Втората лига – Исток и пласман во прволигашката конкуренција, откако во 24. коло триумфираа со 0-2 на гостувањето против Осогово во Кочани.

Комплетната доминација на теренот, избраниците на Марјан Секуловски ја крунисаа со два погодоци. Првиот дело на Владимир Дујовски, по асистенцијата на Додев, во 33. минута, а вториот на Андреј Кудијан во 68. минута.

Тиквеш славеше со 0-2 на гостувањето против Кожуф во Гевгелија, со головите на Симеон Христов и Риизов во првото полувреме, и за едно коло го одложи славјето на штипјани.

Кит Го на домашен терен ремизираше (1-1) со Каменица Саса. Гостите поведоа преку Дуков во 5. минута, а израмни за конечни 1-1, Бошко Ступиќ во 18. минута.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (24. коло)
Кит Го – Каменица Саса 1-1
Кожуф – Тиквеш 0-2
Осогово – Брегалница 0-2
Росоман – Слога Виница 1-2
Плачковица – Победа 1-3

 

Се вчитува...