ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Брегалница со победа и против Кит Го, триумф и на Тиквеш

Нова победа за фудбалерите на Брегалница во Втората лига – Исток. Триумф на мечот против Кит Го од 1-2 во 26. коло од шампионатот, на натпреварот кој се одигра на Градскиот стадион во Штип.

Кит Го успеа да поведе на натпреварот со голот на Тони Мичковски во 27. минута. Но, потоа се беше во знакот на „сините“ кои успеаја да дојдат до трите бода.

Триумфот следеше во второто полувреме кога најпрво капитенот Ристе Наумов израмни во 49. минута, а победата ја донесе Кудијан на асистенција на Марио Наумоски во 74. минута.

Брегалница од претходното коло веќе го обезбеди пласманот во Првата лига следната сезона.

Тиквеш дојде до победа од 3-0 против Каменица Саса со головите на Наумовски, Христов и Спахиу.

Победа триумфираше со 0-1 на гостувањето против Осогово со голот на Илиевски Кисески, а минимална победа запиша и Плачковица на гостувањето против Росоман.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (26. коло)
Кит Го – Брегалница 1-2
Тиквеш – Каменица Саса 3-0
Кожуф – Слога Виница 0-2
Осогово – Победа 0-1
Росоман – Плачковица 0-1

 

Се вчитува...