ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Детонит ја изненади Слога, Каменица Саса подобра од Беласица

Детонит јуниор ја изненади водечката Слога Виница триумфирајќи со пресврт во 5. коло од Втората лига – Исток.

И покрај тоа што Слога имаше предност од 0-1 со погодокот на Митров од 25. минута, со двата гола на Лиманов од пенал во 81. минута и на Стојанов во 88. минута, Детонит јуниор дојде до изненадувачка победа.

Каменица Саса, пак, славеше на гостувањето против Беласица со 0-1 со погодокот на Дарко Алексовски во 38. минута.

Кит Го го победи Кожуф со 1-0 благодарение на голот на Бобан Ангелов во 89. минута.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (5. коло)

Детонит јуниор – Слога Виница 2-1

Беласица – Каменица Саса 0-1

Кит Го – Кожуф 1-0

Локомотива – Братство 07 1-0

Победа – Осогово 6-0

Се вчитува...