ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Импресивна победа на Кит Го, „кикс“ на Беласица

Екипата на Кит Го во второто коло ја забележа првата победа во второлигашката конкуренција откако денеска триумфираше над Детонит со убедливи 4-1. Новиот тренер Сенев го извлече максимумот од своите фудбалери, кои одиграа одличен меч и прокнижија три заслужени бода. Давид Бошевски со гол во 10. минута ја најави победата, а пред самиот крај на првото полувреме прецизен беше и Цуцковски. Тони Мичковски и Јанкулов беа стрелци на Кит Го во второто полувреме, а единствениот гол за Детонит беше дело на Адемов.

Беласица неочекувано „киксна“ на гостувањето против Братство, ремизирајќи 1-1 против вој ривал. Коцев ги донесе струмичани во водство, но Шаил беше играчот што донесе огромен бод за тимот на Братство.

Победа ги потврди амбициите за влез во Првата лига откако денеска на гостински терен го совлада Кожув со 0-2, со головите на Спирковски и на Јошевски. Кожув од првото полувреме играше со фудббалер помалку по исклучувањето на Ников.

Слога Виница славеше над Осогово со 1-0, додека Саса со идентични 1-0 го совлада тимот на Локомотива.

Се вчитува...