ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Каменица Саса ништо не ја запира, Слога и Беласица ремизираа во дербито

Каменица Саса дополнително се зацврсти на лидерската позиција во Втората лига – Исток откако во 6. коло триумфираше со 2-0 против Кит Го.

Димоски во 8. минута и Мисредовски во 28. минута беа стрелци за триумфот на Каменица Саса.

Во дербито на колото, Слога Виница и Беласица одиграа без победник, 1-1. Бојан Иванов во 20. минута ја донесе Слога Виница до водство, но Милушев во 24. минута ги постави конечните 1-1. Беласица од 18. минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Спасе Терзиев.

Крсте Тодоров со голот во 59. минута донесе победа за Кожуф на гостувањето против Братство 07.

РЕЗУЛТАТИ – 6. КОЛО

Братство 07 – Кожуф 0-1

Каменица Саса – Кит Го 2-0

Слога Виница – Беласица 1-1

Осогово – Детонит јуниор 2-1

Локомотива – Победа 1-4

Се вчитува...