ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Каменица Саса убедлива против лидерот Победа, Слога Виница повторно на чело

Каменица Саса славеше неочекувано убедлива победа од 3-0 против Победа во дербито на 12. коло од Втората лига – Исток.

Каменица Саса сосема заслужено дојде до триумфот со головите на Божинов во првото полувреме, и Нешовски и Алексовски во вториот дел.

Сето тоа овозможува Слога Виница повторно да се врати на чело на табелата, откако убедливо со 4-0 триумфираше против Локомотива.

Беласица дојде до триумф од 0-1 на гостувањето против Кит Го во Пехчево благодарение на голот на Митевски во 82. минута од средбата.

РЕЗУЛТАТИ – 12. КОЛО

Каменица Саса – Победа 3-0

Братство – Осогово 2-4

Кит Го – Беласица 0-1

Слога Виница – Локомотива 4-0

Кожуф – Детонит јуниор 1-1

Се вчитува...