ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Киксеви на водечките Саса, Победа и Слога…, Беласица убедлива

Беласица ги искористи киксевите на водечката тројка во Втората лига – Исток за доближување до врвот, откако во 17. коло убедливо со 6-0 триумфираше над Локомотива.

Димитар Трајков со хет-трик уште во првото полувреме донесе предност од 3-0 за Беласица, а во вториот дел стрелаа уште и Крстев, Терзиев и Сулев.

Урим Бајрами со голот во 38. минута ја шокираше Каменица Саса за победа на Братство 07 на гостински терен од 0-1.

Слога Виница, пак, со голот на Симевски во 55. минута имаше предност од 0-1 на гостувањето против Кожуф во Гевгелија, но домашните израмнија за конечни 1-1 со голот на Бејков во 80. минута.

Осогово славеше со 0-1 против Пехчево на натпреварот кој се играше во Штип. Кочанци до триумфот дојдоа со голот на капитенот Тошо Манов од пенал во 67. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 17. КОЛО

Пехчево – Осогово 0-1

Каменица Саса – Братство 07 0-1

Кожуф – Слога Виница 1-1

Беласица – Локомотива 6-0

Детонит јуниор – Победа 0-0

Се вчитува...