ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Кожуф го победи Братство, реми на Детонит и Осогово

Кожуф славеше против Братство во Гевгелија со 1-0, а Детонит јуниор и Осогово одиграа натпревар без голови во последните два меча од есенскиот дел од Втората лига – Исток, кои претходно беа одложени поради лоши временски услови.

Кожуф на натпреварот во Гевгелија до победата против Братство дојде со голот на Томица Петров во 28. минута, доволен за три бода на домашните.

Осогово имаше можности во Радовиш и за победа, но на крајот не успеа да дојде до посакуваните три бода, ремизирајќи без голови.

Се вчитува...