ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: „Петарда“ на Брегалница, Кит Го го победи Кожуф во дербито

Брегалница ја запиша најубедливата победа во 23. коло од Втората лига – Исток славејќи со 5-1 на дуелот против Росоман.

Штипјани триумфот го осигураа уште во првото полувреме со погодоците на Марио Наумоски во два наврати, Муарем Муарем и Мартин Стојанов од пенал. Гостите погодија преку Дуков, а петтиот гол за Брегалница во второто полувреме беше дело на Кудијан во 58. минута.

Во дерби пресметката на колото Кит Го славеше против гевгелиски Кожуф со 1-0 со голот на Марио Рунтев во 26. минута.

Тиквеш убедливо со 3-0 го победи Осогово, а победа запиша и Каменица Саса.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (23. коло)
Каменица Саса – Победа 2-1
Кит Го – Кожуф 1-0
Брегалница – Росоман 5-1
Тиквеш – Осогово 3-0
Слога Виница – Плачковица 1-1

 

Се вчитува...