ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: „Петарда“ од Победа за Братство, Осогово ја реши Беласица среде Струмица

Прилепска Победа ја запиша најубедливата победа во денешните натпревари од 7. коло на второлигашката фудбалска сцена. Прилепчани сосема заслужено триумфираа со 5-0 против екипата на Братство 07.

Слога Виница дојде до победа од 1-2 на гостувањето против Кит Го благодарение на голот од пенал на Иван Митров во 90. минута од средбата. Претходно Иванов во 52. минута ги донесе гостите до предност, но набрзо потоа израмни Ступиќ.

Осогово ја изненади Беласица триумфирајќи со 0-2 на гостувањето во Струмица. Јасин Муше во 15. минута и Екрем Мемеди во 75. минута беа стрелци на головите за триумф на Осогово.

Лидерот Каменица Саса ремизираше без голови на гостувањето против Кожуф во Гевгелија.

РЕЗУЛТАТИ – 7. КОЛО

Беласица – Осогово 0-2

Кит Го – Слога 1934 1-2

Победа – Братство 07 5-0

Детонит јуниор – Локомотива 2-1

Кожуф – Каменица Саса 0-0

Се вчитува...