ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Победа и Беласица со победи ја почнаа трката за прволигашка промоција

Согласно очекувањата Победа и Беласица со победи ја почнаа новата второлигашка сезона на Истокот, во трката за прволигашка промоција.

Победа со пресврт дојде до победата од 2-1 на домашен терен против Кит Го, откако пехчевци со голот на Зоран Андонов во 35. минута дојдоа до предност од 0-1.

Беласица, пак, со 0-2 триумфираше на гостувањето против Детонит јуниор.

Убедлива гостинска победа запиша и Каменица Саса од 1-4 на гостувањето против Осогово во Кочани.

Слога Виница го победи Братство Житоше со 1-0, со голот на Халил Бериша во 77. минута од натпреварот.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (1. КОЛО)
Победа – Кит Го 2-1
Детонит јуниор – Беласица 0-2
Локомотива Градско – Кожуф 0-2
Осогово – Каменица Саса 1-4
Слога Виница – Братство Житоше 1-0

Се вчитува...