ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Победа ја „здроби“ Беласица за лидерско место, Слога само до реми со Каменица Саса (ВИДЕО)

Прилепска Победа е нов лидер во Втората лига – Исток откако славеше убедливо со 3-0 против Беласица во дербито на 25. коло, а притоа искористувајќи го киксот на Слога Виница

Два гола за прилепчани постигна Бојан Спиркоски, а третиот гол во 71. минута беше дело на Мазари за конечна победа од 3-0.

Слога Виница мора да ја препушти лидерската позиција откако одигра натпревар без голови со Каменица Саса на домашен терен.

Пехчево со 3-1 славеше против Братство со головите на Димитриевски, Ступиќ и Андонов.

РЕЗУЛТАТИ – 25. КОЛО

Детонит јуниор – Локомотива 4-0

Кожуф – Осогово 1-0

Пехчево – Братство 3-1

Победа – Беласица 3-0

Слога Виница – Каменица Саса 0-0

Се вчитува...