ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Победи на Слога Виница и Беласица, Каменица Саса во последната минута до триумф над Кожуф

Слога Виница ја задржа лидерската позиција во Втората лига – Исток откако во 16. коло славеше на домашен терен против Пехчево со 2-1.

Каменица Саса во последната минута го сруши отпорот на Кожуф победувајќи со 1-0 благодарение на голот од пенал на Дарко Алексовски во 90. минута.

Беласица со два гола на Давид Мирчовски и еден на Амедов победи со 0-3 на гостувањето против Осогово во Кочани на стартот од пролетниот дел на сезоната.

Мазари постигна хет-трик во победата на Победа од 1-4 на гостувањето против Братство 07, а еден погодок запиша и Димоски.

РЕЗУЛТАТИ – 16. КОЛО

Братство 07 – Победа 1-4

Слога Виница – Пехчево 2-1

Локомотива – Детонит јуниор 1-3

Осогово – Беласица 0-3

Каменица Саса – Кожуф 1-0

Се вчитува...