ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Реми на Кит Го и Победа, а Беласица убедлива со Детонит јуниор

Кит Го и прилепска Победа одиграа без победник (1-1) во дербито на 10. коло од Втората лига – Исток.

Од денешните два натпревари од 10. коло во второлигашката конкуренција, Кит Го и Победа одиграа интересен натпревар во Пехчево. Домашните поведоа со голот на Љупче Кудев во 51. минута, но Победа се спаси од пораз со голот на Спиркоски во 75. минута.

Беласица, пак, убедливо со 4-1 славеше против Детонит јуниор со погодоците на Терзиев, Глигоров, Крстев и Михаилов.

Утре се играат останатите три натпревари од 10. коло во Втората лига – Исток.

Се вчитува...