ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Слога го доби дербито со Победа, победи и на Беласица, САСА и Кит Го

Слога Виница останува стоотстотна во Втората македонска лига Исток, откако во дербито на колото славеше над Победа со 2-1. Домаќините победија со голот на Христијан Митревски во 3. минута. На 1-1 израмни Бојан Спирковски на 1-1, додека големи три бода на домаќините им донесе Андреј Коцевски во 90. минута.

Каменица САСА славеше на домашен терен против Детонит со 1-0. Клучниот момент во натпреварот се случи во 25. минута кога Ненад Нешовски донесе три бода за домаќинот.

Кит Го стигна до лесна победа на гостувањето кај Братство со 0-3. Стрелци на головите за тимот од Пехчево беа Милевски, Андонов, Цуцковски и Ангелов.

РЕЗУЛТАТИ – 4. КОЛО

Кожуф – Беласица 1-2

Слога – Победа  2-1

Братство – Кит Го  0-4

Каменица САСА – Детонит јуниор  1-0

Осогово – Локомотива 2-2

Се вчитува...