ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Слога изненадена во Кочани, Победа ја презеде лидерската позиција

Осогово ја шокираше Слога Виница во 11. коло од Втората лига – Исток триумфирајќи со убедливи 3-0.

Мицевски со два гола во 58. и во 88. минута и Тоше Манов во 77. минута беа стрелци на головите за триумф на кочанци.

Сето тоа го искористи Победа, за преземање на лидерската позиција, која со 3-1 триумфираше против Кожуф, со головите на Карчески и Момировски во првото и Јошески во второто полувреме.

Беласица со голот на Александар Милушев во 40. минута победа со 1-0 против Братство.

Детонит јуниор славеше во Радовиш против Кит Го, иако играше и со играч помалку во последните 30 минути, со погодокот во 90. минута на Дени Андонов.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (11. коло)

Беласица – Братство 1-0

Победа – Кожуф 2-1

Детонит јуниор – Кит Го 1-0

Локомотива – Каменица Саса 0-0

Осогово – Слога Виница 3-0

Се вчитува...