ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Слога со триумф над Пехчево го чува врвот, победа и за Саса

Слога Виница го чува врвот во Втората лига – Исток откако триумфираше минимално со 1-0 против Пехчево во натпреварот од 19. коло.

И покрај тоа што тимот од Виница остана со играч помалку уште во првото полувреме, сепак со голот на Александар Трајчевски во вториот дел дојде до победата.

Минимални победа запиша и Каменица Саса против Братство со голот на Алексовски од 24. минута.

Осогово славеше убедлива победа од 6-0 против со по два гола на Манов и Дојчинов, и по еден на Ќазимов и Сумер Хасан.

РЕЗУЛТАТИ – 19. КОЛО

Победа – Кожуф 1-1

Беласица – Детонит јуниор 2-0

Каменица Саса – Братство 1-0

Осогово – Локомотива 6-0

Слога Виница – Пехчево 1-0

Се вчитува...