ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Тиквеш триумфално во Прилеп, Кит Го ја победи Плачковица

Победи на Тиквеш и Кит Го на гостувањата во Прилеп односно во Радовиш во одложените натпревари од 20. коло во Втората лига – Исток.

Кавадарчани триумфираа против Победа со 0-1, со голот на Вареловски во 5. минута.

Кит Го, пак, бункерот на домашните го проби во второто полувреме кога најпрво Колумбиецот со македонски пасош, Александер Борха во 74. минута донесе предност од 0-1, а конечните 0-2 ги постави Зоран Андонов во 80. минута.

Се вчитува...