ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Тиквеш вторпат по ред поразен во Кавадарци, „потклекна“ и пред Кожуф

Тиквеш го доживеа и вториот едноподруго пораз пред своите навивачи во Втората лига – Исток. По претходниот пораз од Беласица, во 10. коло Тиквеш во Кавадарци загуби и од Кожуф со 0-1.

Стрелец на победничкиот гол за гевгеличани беше Ники Зумровски во 24. минута. И покрај бројните обиди на домашните да дојдат до израмнување не успеаја до крајот на дуелот.

Осогово конечно победи, славејќи со 1-3 на гостувањето против Питу Гули. Елвир Рамиќ, Тоше Манов и Драги Паунов беа стрелци на головите за Осогово, откако Питу Гули поведе со 1-0 преку Ѓорѓи Стрезовски уште во 6. минута од средбата.

Ненад Нешовски беше двоен стрелец за Каменица Саса во победата од 2-0 против Победа.

Натпреварот меѓу Кит Го и Беласица во Пехчево стартуваше со закаснување од половина час поради доцнење на судиската тројка која имаше сообраќајна незгода кај Кочани на доаѓање кон Пехчево, за среќа без посериозни последици. Во моментов се игра 70. минута на дуелот. Кит Го води со 2-0 со головите на Дарко Алексовски во 9. и во 68. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 10. КОЛО
Кит Го – Беласица 2-0 (во моментов се игра 70. минута)
Тиквеш – Кожуф 0-1
Питу Гули – Осогово 1-3
Каменица Саса – Победа 2-0
Брегалница – Плачковица (18 ч.)

Се вчитува...