Втора Лига: Вардар, Водно Санс и Чаир 2030 остануваат перфектни

Изминатиот викенд на терените ширум Македонија беа одиграни и шест натпревари од второто коло во Втората лига по кои Вардар, Партизан Водно Санс и Чаир 2030 го продолжуваат походот кон „елитата“ на македонската кошарка со перфектен учинок.

На кошаркарите на Вардар им припадна минатогодишниот прволигашки дуел откако славеа на гостувањето во Струга против Црн Дрим со 91-97. Партизан Водно Санс пак по неизвесниот натпревар во Велес забележа комотна победа против Соколи 1933 со 73-61, додека Чаир 2030 одново одигра одличен натпревар кој го закити со победа од 84-55 над Борец Баскет.

До првите победи во сезоната дојдоа и кошаркарите на Тетекс ТТК кои славеа над Шкупи со 78-69, Баскет КАМ на домашен терен успеа да ја совлада Струмица со 86-60, а Охрид славеше над Хераклеа со 82-63.

Се вчитува...