ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Петковски го израдува Вардар, Силекс подобар од Тетекс на снегот, триумф на Воска (ВИДЕО)

Триумф на водечките три тима во 14. коло од Втората лига запад. Вардар потешко од очекувањата го сволада тимот на Беса, Силекс лесно се справи со Тетекс на домашен терен, додека Воска триумфираше кај Велешта.

На ниту еден тим не му беше лесно, со оглед на условите кои беа присутни на второлигашките терени денеска. Снегови, дождови, кал… Меѓутоа искуството се чини пресуди. Па така Вардар дури во 77. минута го „скрши“ отпроот на Беса. Блажевски центрира, Петковски со глава погодува за голем триумф. А, Беса опасно се закани неколку пати. И Вардар имаше свои шанси, и со оглед на ситуацијата на теренот, одеше кон „реми“, но Вардар во финишот притисна силно, и беше подобар за тој еден гол.

Силекс уште во првиот дел го реши победникот во дуелот со Тетекс. Дуков погоди на два пати во 20. и во 33. минута по изградени акции, а Серафимовски во 41. минута постигна гол од 35 метри. И голманот на Тетекс „кумуваше“ на овој погодок. Тетекс само намали преку Масевски во 68. минута од средбата.

Воска Спорт имаше водство од 0-2, и беше обезбедена победата, но стравуваше до крајот затоа што Велешта успеа да постигне гол и да намали во финишот. Алији во 11. минута донесе водство за гостите, а Вељаноски во 69. минута зголеми на 0-2. Анруши во 82. минута погоди за 1-2, и неизвесност во финишот, која ја имаше, но резултатски остана водството на Воска и важна победа во битката за тоа второ место.

Кадино на домашен терен беше поразен од Кораби со 1-3. И покрај водството на Кадино, Кораби со три бола направи пресврт за конечен триумф. Во Охрид, домашниот тим со 4-2 го совлада Гостивар. Четири гола паднаа во првиот дел кога беше 2-2, а потоа Охриѓани постигнаа два гола за конечен триумф.

РЕЗУЛТАТИ

Силекс – Тетекс 3-1

Охрид – Гостивар 4-2

Кадино – Кораби 1-2

Беса – Вардар 0-1

Велешта – Воска 1-2

ТАБЕЛА:

  1. Силекс 38
  2. Воска Спорт 29
  3. Вардар 26
  4. Кораби 19
  5. Тетекс 18
  6. Гостивар 17
  7. Велешта 14
  8. Охрид 14
  9. Беса 13
  10. Кадино 6

Се вчитува...