ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Лабуништа и Пелистер ремизираа во дербито, Охрид ја шокираше Дрита

Лабуништа и Пелистер одиграа без победник (1-1) во дербито од 9. коло во Втората лига – Запад, по што битолчани си ја задржаа лидерската позиција на табелата.

Лабуништа поведе со голот на Сунај Хасан во 65. минута, но Пелистер стигна до бод благодарение на голот на Борче Маневски во 81. минута.

Охрид извојува значајна победа славејќи на гостувањето против Дрита во Боговиње благодарение на голот на Игор Клечкароски во 73. минута од натпреварот.

Скопје убедливо славеше со 4-2 против Гостивар, додека Вардар Форино и Кораби ги поделија бодовите.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (9. КОЛО)
Лабуништа – Пелистер 1-1
Вардар Форино – Кораби 2-2
Скопје – Гостивар 4-2
Кадино – Велазерими 0-0
Дрита – Охрид 0-1

Се вчитува...