Зоран Штерјовски се израдува на првата победа откако се врати на кормилото на Пелистер, битолскиот тим во последен миг стигна до триумф од 2-1 над Охрид. Горан Ганчев во судиското продолжение го постигна победничкиот гол за „зелените“. Претходно, Момировски донесе водство за Пелистер, а во 85.минута израмни Котевски.
Лабуништа го совлада лидерот Скопје со 2-0 со головите на Петар Љамчевски во 51. минута и на Климе Далчески во 72.минута. Кораби го совлада Гостивар со 2-1 со победничкиот гол на Бајрами во 81. минута. Претходно, Ристовски стрелаше за гостите, а успеа да израмни Муча.
Кадино во голеада ремизираше со Дрита (3-3) на домашен терен, а Вардар Форино и Велазерими играа без голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА