ВТОРА ЛИГА ЗАПАД: Пелистер го чува врвот

Пелистер го совлада Кадино со 2-0 и се зацврсти на првата позиција на табелата во Втората лига Запад со 19 бода. Благоја Љамчевски во 33.минута и Дарко Анѓелески во последните мигови од мечот беа стрелци на головите за битолскиот второлигаш.

Велазерими ја совлада Дрита со 1-0, со голот на Албулен Имери во 55.минута, а со идентичен резултат и Охрид славеше против Скопје. Игор Клечкароски во 90.минута погоди за охриѓани на овој меч.

Гостивар и Вардар Форино ремизираа 2-2, а Кораб го совлада составот на Лабуништа со 2-1.

Се вчитува...