ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Продолжува кризата на Пелистер – пораз и од Скопје, Велазерими славеше со Лабуништа

Продолжува кризата на Пелистер во Втората лига – Запад доживувајќи и втор едноподруго пораз, овој пат пред своите навивачи во 11. коло од Скопје со 2-3.

Со головите на Мустафа Јусуф во 13. минута и Дејан Маркоски во 20. минута, Скопје поведе со 0-1, а Пелистер успеа да намали преку Антонио Бујчевски од пенал во 26. минута. Во 77. минута Борче Маневски стрелаше за 2-2, па победоносниот гол за Скопје го постигна Мустафа Јусуф во 79. минута.

 

Велазерими го изненади тимот на Лабуништа триумфирајќи со 0-1 со голот на Мурат Адили во 61. минута.

Гостивар со головите на Менга во првото полувреме и Бектеши во второто полувреме триумфираше со 2-0 против Охрид, а Вардар Форино со 1-2 славеше на гостувањето против Кадино.

РЕЗУЛТАТИ – 11. КОЛО
Лабуништа – Велазерими 0-1
Кадино – Вардар Форино 1-2
Пелистер – Скопје 2-3
Кораби – Дрита 2-1
Гостивар – Охрид 2-0

Се вчитува...