ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Силекс до голем триумф над Гостивар, победи и на Воска и Вардар

Силекс го направи веројатно последниот чекор кон влез во елитата, откако денеска славеше на тешкото гостувањето во Втората фудбалска лига на Македонја Запад на гостувањето кај Гостивар во 24. коло со 0-2. Херој за Силекс на овој тежок натпревар беше Ѓорги Танушев со двата гола во 73. и 84. минута.

Воска стигна до убедлива победа на гостувањето кај Тетекс од 0-6. Вардар триумфираше со 1-0 против Беса, а победничкиот погодок за „црвено-црните“ Парталко во 19. минута.

Во преостанатите два натпревари Кораб беше убедлив на гостувањето кај Кадино со 0-6, додека Охрид ја совлада Велешта со 2-3.

РЕЗУЛТАТИ – 24. КОЛО

ГОСТИВАР – СИЛЕКС  0-2

ТЕТЕКС – ВОСКА 0-6

ВАРДАР – БЕСА    1-0

КАДИНО – КОРАБ  0-6

ВЕЛЕШТА – ОХРИД  2-3

Се вчитува...