ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Силекс се врати во елитата, Вардар ја совлада Воска и остана во игра за ПМФЛ

Фудбалерите на Силекс по пауза од една година повторно се враќаат во Првата македонска фудбалска лига. Тие сезонава одиграа маестрално во ВМФЛ – Запад и на две кола до крај успеаја да обезбедата враќање во елитата.

Тие денеска го совладаа Тетекс со 2-0, победа која беше доволна за нов прволигашки статус на тимот од Кратово. Стрелци на головите за враќање во ПМФЛ беа Благоја Спиркоски во 71. минута и Антонио Калаонски во 85. минута.

Борбата за второто место и бараж до крајот ќе биде пеколна, откако Вардар денеска во директен дуел славеше против Воска со 0-1. Стрелец на голот за надеж на „црвено-црните“ беше Бењамин Демир во 63. минута. На две кола до крајот на годинашната сезона Воска влегува со само три бода предност пред најтрофејниот македонски клуб.

Во останатите натпревари од денешната понуда: Охрид – Кадино 6-2, Кораб – Гостивар 0-0 и Беса – Велешта 8-1.

РЕЗУЛТАТИ – 25. КОЛО

СИЛЕКС – ТЕТЕКС 2-0

ВОСКА – ВАРДАР 0-1

ОХРИД – КАДИНО 6-2

КОРАБ – ГОСТИВАР 0-0

БЕСА – ВЕЛЕШТА  8-1

Се вчитува...