ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Скопје нов лидер, Пелистер никако да победи, реми и на Велазерими

Скопје е нов лидер во Втората лига – Запад, откако славеше против Кадино со 2-0 во 12. коло притоа искористувајќи ги ремијата на Пелистер и Велазерими против Дрита односно Гостивар.

Скопје до победата дојде со головите на Љамалари во 25. минута и Керим во 25. минута од средбата.

Пелистер не успеа да дојде до триумф на гостувањето против Дрита ремизирајќи без голови, а Велазерими на домашен терен ремизираше (1-1) со Гостивар. Гостите до предност дојдоа уште во 1. минута со голот на Менга, а Велазерими израмни со голот на Цуцули во 10. минута од пенал.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (12. коло)
Велазерими – Гостивар 1-1
Охрид – Кораби 1-1
Дрита – Пелистер 0-0
Скопје – Кадино 2-0
Вардар Форино – Лабуништа 1-2

Се вчитува...