ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Скопје со триумф над Велешта му подари бараж на Охрид

Фудбалерите на Скопје му донесоа бараж на Охрид откако во последното коло во ВМФЛ Запад славеа на домашен терен над Велешта со 3-0.

Поради победата на Скопје над Велешта, охриѓани не ги чинеше и поразот на гостувањето кај Тетекс од 1-0. Со оваа победа Тетекс и дефинитивно останува второлигаш и следната сезона без разлика на исходот од баражите за опстанок во Првата лига.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (27. коло)

Скопје – Велешта                  3-0

Тетекс – Охрид                       1-0

Кадино – Гостивар                2-2

Дрита – Кораб                        3-4

Се вчитува...